10 минути протест во Мобилната галерија

Од:

Центарот за современи уметности организира проект насловен „10 минути протест” на авторот Тихомир Топузовски, кој ќе се одржи во четврток, 15 мај, во Мобилна галерија што се наоѓа во Паркот на Франкофонијата.

Проектот се состои од изложени протестни пароли и јавна дебата во која ќе се дискутираат можностите за зголемување на демократскиот простор и граѓански права преку уметнички проекти и иницијативи.

Овој проект се фокусира на прашањето како преку користење форми на протест и делување во јавни простори да се дојде до политичка позиција која во извесен дел подразбира спротиставување на постоечките системи и вредности.

Во дебатата ќе учествуваат: Искра Геошоска, Роберт Алаѓозовски, Жарко Трајаноски, Никола Гелевски и Гордан Георгиев.

Имплементацијата на проектите во Мобилна/Монтажна Галерија коишто се поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го реализира Фондацијата Отворено општество Македонија.Локацијата на галеријата е овозможена со поддршка на Општина Центар.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска