Стресот во бракот го зголемува ризикот од појава на депресија, покажуваат истражувањата на научниците од Универзитетот во Висконсин.
„Журнал оф Псајхолоџи“ ги објави резултатите собирани 11 години од 116 брачни парови.
Последиците од хроничниот стрес, предизвикан од бракот се проверувани во лабораториски услови со помош на проверка на реакциите на испитаниците на позитивни стимуланси.
Ракцијата на испитаниците во рамки на околностите е важен индикатор за присутноста на депресијата, појаснуваат научниците.
Стресот беше најизразен кај испитаниците, кои сметале дека нивните сопружници ги изневериле или изјавувале дека токму нивните брачни пратнери се најчест извор на тензија.