Прва НАТО обука за односи со јавност во кризи

Од:

Регионалниот центар за односи со јавност при Министерството за одбрана, кој од минатата година е дел од Партнерските центри на НАТО Алијансата за едукација и обука и како единствен Центар за обука од областа на односите со јавноста, денеска ја започна првата работилница во која ќе се извршуваат обуки за односи со јавност во кризни ситуации.

Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски рече дека Македонија е  горда што Центарот за обука за односи со јавност во кризни ситуации е дел од центрите на НАТО Алијансата.

– Ние сме посебно горди затоа што нашиот Центар за односи со јавност е признаен како еден од 26 партнерски центри и специјализиран за оваа област. Покажуваме дека покрај учество во мировни операции имаме знаење и за други суштински работи. Ова е прва работилница после признавањето на Центарот и имаме предавачи и учесници од повеќе земји меѓу кои и од Норвешка, земјата која што го предводи овој процес, истакна Стефановски.

Според него, Центарот, на Алијансата ќе и даде можност нивните луѓе да се обучуваат за односи со јавност кој е една од најслабите алки на НАТО за која како област, многу малку се посветува внимание.

Регионалниот центар за односи со јавноста е формиран во 2005 година поради зголемената потреба од обука на кадри од полето на односите со јавноста во регионот. Својот регионален карактер Центарот го потврди во 2009 година  во рамки на иницијативата „Форум за безбедносна соработка на Западен Балкан“ каде заедно со центарот за мировни операции (ПСОТЦ) од Сараево, Босна и Херцеговина и НХБ центарот од Крушевац, Република Србија, беа прифатени и промовирани како три приоритетни центри за регионална соработка. 

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски