Македонските тенисери иако изминатава недела имаа настапи во рамките на Дејвис купот и не играа на турнири, сепак направија скок на АТП листата.
Димитар Грабул со 67 поени се проби на 505.та позиција што е негов најдобар ранг.
Томислав Јотовски е на 714.то место со 32 поена, со што го изедначи својот најдобар пласман.
Шендрит Деари се наоѓа на 1.142 место (7 поени), додека Бесир Дургути е на 1.506 место (3 поени).
Најголем скок од 457 места има Стефан Мицов, кој со 2 поена се наоѓа на 1.641 место. Мицов и следната недела ќе има напредок откако ќе му биде впишан уште еден поен.