Надал до пехарот во Мадрид

Од:

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал успеа да го освои пехарот на Мастерсот во Мадрид откако во финалето, неговиот противник, Јапонецот Кеи Нишикори поради болки во грбот го предаде мечот.

Ова за Надал беше 27-ма титула на Мастерс турнирите, а вкупно четврта освоена во Мадрид.

Нишикори одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6:2.

nadalMadrid2014

До средина на вториот сет имаше предност и контрола над резултатот, но тогаш почнаа болките во грбот, па Јапонецот побара и медицинска помош. Надал го искористи тоа и успеа да изедначи на 1:1 во сетови добивајќи го вториот сет со 6:4 во гемови.

Во решавачкиот сет при резултат 3:0 во гемови Нишикори го предаде мечот.

Надал со победата ги одбрани бодовите и ќе остане на првата позиција на АТП листата, додека Нишикори се проби на 9. место.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ