ФОТО: Конгресот на СДСМ едногласно го усвои Извештајот за изборите

Од:

Конгресот на СДСМ едногласно го усвои Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2014 година.

Со одлуката, највисокото тело на СДСМ едногласно ги потврди одлуките на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници. Конгресот на СДСМ, застана зад оценката за нерегуларни избори и системски грабеж на изборите од страна на режимската власт на Никола Груевски.

Со вечерашната одлука Конгресот поддржа продолжување на активностите на СДСМ кон создавање услови за спроведување фер и демократски избори и функционални институции коишто неселективно ќе се справуваат со криминалот и корупцијата во Македонија, посебно кога доаѓаат директно од врвот на власта.

Kongres

Kongres 1

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар