58 лица загинаа откако брод со кој се превезуваа повеќе од 100 имигранти, потона во Егејското море, во близина на западниот турскиот брег, велат официјалните претставници.
Тасхин Куртбејоглу, претставник на локалните власти на Мендерс, изјави дека 45 луѓе се спасени.
„Капетанот на бродот и неговиот помошник, како и 43 илегални имигранти беа спасени“, изјави Тасхин Куртбејоглу, претставник на локалните власти на Мендерс.
Имигрантите што успеале да се спасат се државјани на Сирија и на Ирак.