Шекеринска: Заев можеше да стане Стевче, но не стана

Од:

На конгресот заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска се изјасни за доверба на актуелниот претседател Зоран Заев, за кого рече дека можел да постапи како Стевче Јакимовски но не постапил.

„Зоран Заев можеше да стане Стевче, но не стана, не не остави на цедило. Срамно и тажно е таков човек да го множиме со нула. Зоран Заев не избегал од избори, а можеше, ако му беше важно да биде само претседател на СДСМ. Но каде е храброста?, влезе во борба со режимот, а можеше да избегне опасни дуели, но тој рече сите ќе го понесеме ризикот и јас ќе го понесам ризикот.

– За да бидеш претседател треба да имаш големо срце, а мала суета, а тој тоа го знае. Заев е човек кој не се откажува од никој од нас, ниту од борбата, затоа претседателе не се откажувам ни јас од Вас“, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација