Шварценберг: Путин сака Украина да му се предаде, нема сила за војна

Од:

Поранешниот чешки министер за надворешни работи и актуелен пратеник Карел Шварценберг е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин нема економска сила за војна со Украина, затоа настојува да придонесе за распад на земјата и чека таа да се предаде сама, јави дописникот на МИА од Прага.

Шварценберг во дебата на Чешката телевизија изјави дека спрема Русија тврдите санкции би требало да се преземат веднаш на почетокот, а не постепено.

– Окупацијата на туѓа територија и агресија против една соседна земја мора да се реши веднаш со најостри мерки за запирање на агресијата. Се работи за јасно прекршување на сите договори во рамките на Обединетите нации и останатите, додаде Шварценберг предупредувајќи дека „имаме задоволство” да гледаме дека агресијата и окупацијата продолжува.

Според Шварценберг, Путин е ученик на КГБ (Комитетот за државна безбедност на Русија) каде се учи тврда и игра за моќ, која единствено го интересира рускиот претседател.

– Путин не сака вистинска војна, бидејќи нема сила за тоа. Кримското сценарио никогаш не престана. По неговата окупација почнаа слични настани во разни места на Украина. Русија сака да ја распадне цела Украина, која потоа сама ќе му се предаде, оцени Шварценберг.

Актуелниот шеф на чешката дипломатија Лубомир Заоралек во истата емисија, истакна оти верува дека денешниот референдум во источниот дел на земјата нема да донесе никакви големи промени.

– Не гледам друг начин отколку да се направи обид сите да се соберат на масата и дури би прифатил учество на претставници од источна и јужна Украина, вели Заоралек, кој смета дека ситуацијата во Украина е многу лоша економски.

Според него, земјата треба да продолжи со подготовките на претседателските избори, а ситуацијата во Украина да биде да ја следи Набљудувачката мисија на ОБСЕ, во чии рамки Чешка има 23 краткорочни и два долгорочни набљудувачи и да се врши притисок за дипломатски преговори.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ