Чувари на планетарното знаење

Од:

Чувани во тајни одаи на музеи, примероци кои ги собрале научници и истражувачи колку што зрачат со убавина, толку пружаат драгоцени податоци.

Волтер изгледа опуштено. Мртовец веќе 50 години, овој џиновски пацифички октопод со своите два метри долги прекршени краци почива во 40 литарски сад кој е исполнет со етанолски раствор. Неговите први соседи во соседните садови потекнуваат од Атлантикот: колонија биолуминесценти плашташи кои кога биле живи емитувале сино-зелена светлина. На полицата стојат корали и алги. На закачалки висат полжави од Тахити. Бисерни школки од реката Мисисипи, кои порано претставувале темели на доходовната индустрија на копчиња, светкаат под стаклото.

А тука се и витрините 230 на број: херметички, изработен по порачка, климатизирано сместување за 10 милиони примероци на мекотели. Многу се собрани на експедиции во далечни предели, кои меѓу другите, ги предовеле Ернест Шеклтон, Мериведер Луис и Вилијем Кларк, Гифорд Пиншчо и Вилијем Бартрам.
Каде е оваа ризница на чудата?

И како сме стигнале до неа? Како прво, се наоѓаме во Придонаучната академија во Филаделфија. До оваа колекција дојдовме минувајќи низ две други, а се наоѓа на полуспратот над ентомологија на која фиоките се полни до балегари и четири милиони други инсекти собрани од сите краишта на светот. И бидејќи се минува покрај збирка древни наоди – риби шакоперки со краци од девонското време, мастодонтови заби кои биле во посед на Томас Џеферсон, како и камени плочи со скелети на ихтосаури од подрачјето на денешна Англија.

Меѓутоа, ова не е само магацин, туку збирка која предизвикува вџашување и недоверба. Кога размислуваме за откритијата, истражувањето е тоа што ја презема целокупната слава. А всушност, теренското откритие е само првиот чекор.

Останатото се случува тука, во скришните простории на музејот, меѓу колекции кои грижливо се чуваат. Тука се опишуваат видовите, им се даваат имиња, се класифицираат и се каталогизираат, често и со децении откако се собрани. Тука научниците откриваат нови тајни од стари примери на растенија и животни бидејќи секој мртов примерок е полн со физички, молекуларни и изотопски податоци за се, од еволуцијата до екологијата, од медицината до миграциите. Тука се откриени интересни животи на нашата планета.

Оваа академија во 1812 година ја основале научници аматери, вели нејзин постојан член, писател и историчар Роберт Мекракен Пек. Тоа неа ја прави најстар природонаучен музеј на западната хемисфера и една од првите институции од тој вид која се залагала за егалитаризам во стекнување на образование. Според тоа, таа е идеално место да ја почнеме нашата потрага за долго бараните одговори.

Луѓето од секогаш собирале работи. Дали е во прашање наследена особина од време на ловците-збирачи, потреба да се осмисли ред внатре во хаосот или едноставно се работи за желба нешто да се има и да се задржи, или само нагон за поседување кој е карактеристичен за човековата психа.

Иако, постои опасност да прерасне во патолошка форма на однесување. Компулсивните собирачи гледаат вредност во се и сешто. Други се концентрираат на поедини работи и подлегнуваат на она што писателот Николас Басбејнс го нарекува нежно лудило. Библиофилот сер Томас Филипс во 1869 година изјави дека мора да поседува еден примерок од секоја книга на светот. Неговиот конечен резултат од 50.000 книги и околу 100.000 ракописи воопшто не бил лош. Или речиси не бил. На фантазерите собирањето кое е работа со полно работно време, е еден вид на блажена опсесија – запишал теоретичарот на еволуцијата Стивен Џеј Гулд.

Таа опсесија е прапочеток на нашата приказна. Во 16 век со свртувањето на ренесансата во Европа кон подалечните светови, стратешки свесните владетели и благородници (на пример Хабзбургови и Медичи), како и лекари и аптекари, почнале да собираат еклектични предмети во една просторија. Таквите простории се нарекувале Вундеркамерн, или соби со реткости и го изнесувале на виделина убавото, монструозното, како и егзотичното: конзервирана флора и фауна, научни помагала, предмети од прекрасни уметности, генетски мутации.

– Валијана Вундеркамер би поседувала полнет крокодил, една пристојна мумија, фетус во сад, обично двоглав, скапоцености, минерали и фосили, астечки украси за глава или јапонски церемонијални мачеви, масло на платно и антички скулптури, тврди научникот Тери Беланџер, коавтор на неодамна одржаната изложба на Менхетен, каде се прикажани каталози на соби со реткости, кои денес се во посед на колекционерката Флоренс Фирингтон.

Со други зборови, намената на овие предци на современи музеи и изложби на накази на П. Т. Барнум, била да го воздигнат поединецот во очите на заедницата, а не да ја развијат науката. А потоа се појави шведскиот болничар Карл Лине, со својата страст за ред и организација. – Првиот чекор во стекнување на мудроста е во запознавање на самите нешта – запишал тој. За да го постигне тоа на едноставен, убав и инструктивен начин, осмислил систем на квалификација на сите живи битија: латински имиња од два збора, од кој првиот означува род, а другиот вид. Неговата универзална таксономија е од 1753 година, за научниците стана она што за библиотекарите е Џулијевата децимална класификација, вели Тед Дешлер палеонтолог и потпретседател на збирката во Академијата.

Лине и просветителството го трасираа патот на меродавното собирање за потребите на науката, вели Пек, како и за свртувањето од приватните кон создавање на јавни збирки во текот на 19 век. Билозоите почнале да препарираат примероци со внимание и прецизност. Но, првобитните техники на препарирање понекогаш донесувале повеќе штета отколку корист: инсектите биле потопувани во алкохол, змиите полнети со слама, школките варени и ставани во пилевина. А се случувало тие техники да бидат и токсични. – Оваа работа подразбира многу арсеник – запишал орнитологот Џон Касен во едно писмо од 1848 година. – Класификував околу половина од збирката на зборови… и заработив хиперемија на белите дробови, како и ужасна главоболка и грозница.

Денес, вели Пек, микроорганизмите не се отстрануваат од примероците со топлина, туку со замрзнување. Со рентентско и микротомографско скенирање се добива увид во состојбата на примероците, а притоа не се оштетуваат. Во институциите се одржуваат постојано исти климатски услови. – Температурите од 18 до 21 степен Целзијус со релативна влажност од 40 отсто се идеални услови за биолошки збирки – тврди Кристофер Миленски, експерт за птици од Институтот Смитсонијан.

Тука нашата култура ги чува своите тродимензионални сознанија за природата – вели Кирк Џонсон, директор на Смитсонијановиот Национален природонаучен музеј со неговите 126 милиони примероци. – Луѓето ова место го нарекуваат американски таван, Но, тоа попрво потсетува на Форт Нокс – место каде чуваме скапоцености, а не било што со кое повеќе нема да се занимаваме. Тоа е ризница, храм.

А и времеплов, Хелен Џејмс, орнитолог од Смитсонијан, користејќи податоци од фосили на птици, ги открива сега изумрените островски видови; до денес опишала околу 40 видови само од Хаваи. Нејзината колешка Карин Брувелхајд, форензички антрополог, ја истражува мистериозната смрт на Роберт Кеникот, биолог од 19 век. Од отворањето на неговиот челичен ковчег пред 12 години, нејзиниот тим заклучил дека умрел во 31 година од срцев удар, како и дека за време на својот кус живот, во чиј тек собирал жаби, мака мачел со слабото здравје и лошите заби.

Џонсон вели дека се почесто покренуваат вакви напреди истражувања преку соработка со тимови благодарение на дигитализацијата на збирките, која на музеите овозможува да ги каталогизира примероците, на научниците да разменуваат информации, а на публиката пристап до податоци. – Сега со телефон може и Масаи воин да ја разгледа колекцијата – вели тој.

Додуша, дигиталната технологија и понатаму во целост не може да го замени физичкото присуство. – Ни требаат физички и дигитални збирки – вели Дешлер. – Дигиталните примероци се само сведоштво. Секој примерок покажува одреден организам во одредено време на одредено место. Не можете да претпоставите само со зборови или слики. Или како што тоа го доловува Пек: Кога не би имале 18 милиони примероци туку 18 милиони слики на тие примероци, не сум сигурен дека тие на некого нешто би значеле.

Џонсон се согласува со тоа. – Дарвиновото исклучително сознание е дека сите живи битија меѓусебно се поврзани – вели тој. – А во тоа јасно сведочат музејските збирки. Некои од овие видови се изумрени. Но, ние токму тука, ја поседуваме нивната ДНК. Ние сме чувари на планетарното знаење.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска