Заедничко македонско-бугарско чествување на Св. Кирил и Методиј

Од:

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) денеска во Софија заеднички ќе го чествуваат Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.

Делегацијата на МАНУ ќе ја предводи претседателот, академик Владо Камбовски. На чествувањето ќе присуствува и делегација на Македонската православна црква, предводена од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во црквата Св. Александар Невски во Софија ќе биде одржана свечена литургија, а потоа во Бугарската академија на науките ќе биде организирана свеченост на која ќе се обратат претседателите на двете академии Владо Камбовски и Стефан Воденичаров. Членови на МАНУ и на БАН ќе говорат за значењето и улогата на светите Кирил и Методиј за словенските народи и словенската култура.

Како што најавија двете академии, предвидена е и културна програма на која ќе биде прочитана поема од Григор Прличев од страна на негова правнука, а Кирило-методиевскиот научен центар при БАН ќе организира концерт и изложба посветени на Св. Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски