ВИДЕО: Кончита од Австрија е победничка на Евровизија

Од:

Претставничката на Австрија, Кончита Вурст со песната „Rise like a phoenix“ е победничка на Евровизија. „Брадастата дама“, како што ја нарекуваат европските медиуми освои 290 поени, оставајќи ги далеку позади себе претставниците на Холандија и Шведска, кои завршија на второто и третото место.

Откако водителскиот пар ја прогласи Австрија за победник на годинешната Евровизија, на сцената се појави Кончита Вурст, која не можеше да ги сокрие солзите.

Ние сме обединети и непобедливи – изјави Кончита пред публиката во салата, при што нејзиниот краток говор беше проследен со овации и аплаузи.

На европските обложувалници, Австрија котираше меѓу првите топ 5 композиции, но на сите листи предност за победа и се даваше на швеѓанката Сана Неилсен со баладата „Undo“.

За време на гласањето, публиката со свирежи го проследуваше секој даден поен на контото на Русија.

Македонија најголемите поени ги додели на Црна Гора – 12, 10 поени за Унгарија и 8 поени за Ерменија. На победничката песна „Rise like a phoenix“,  и’ доделивме само 3 поени.

Македонската претставничка Тијана Дапчевиќ со песната „To the sky“ остана без влез во големото финале. По неуспехот кој го доживеа, Тијана за медиумите изјави дека Евровизија е парада на невкусот.

–  Да пуштев брада, ќе влезев во финале – изјави Тијана, алудирајќи на победничката од Австрија, Кончита Вурст.

Следната година главниот град на Австрија, Виена ќе биде домаќин на изборот за песна на Евровизија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ