Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Шпанија.
Британецот за кого ова е четврта пол-позиција сезонава, на патеката „Каталуња“ крај Барселона попладнево во квалификациите го извозе најбрзиот круг со време 1:25.232 минути.
Од првиот ред ќе стартува и клупскиот колега на Хамилтон, германскиот возач Нико Розберг кој постигна време 1:25.400.
Како трет и четврти на денешните квалификации, од вториот ред ќе тргнат Даниел Рикардо од Ред Бул и Валтери Ботас од Вилијамс.
Од петтата до десеттата стартна позиција утрешната трка ќе ја почнат Роман Грожан (Лотус), Кими Раиконен (Ферари), Фернандо Алонсо (Ферари), Џенсон Батон (Мекларен), Фелипе Маса (Вилијамс) и Себастијан Фетел (Ред Бул).
Главната трка во Барселона ќе се одржи утре од 14 часот.