Кривична пријава за 33-годишно лице за криумчарење мигранти

Од:

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето С.С. (33) македонски државјанин, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

Според документираните сознанија од истрагата на 10/11 февруари годинава, во организација на непознато лице, а со цел стекнување на противправна имотна корист, за одреден паричен надомест пријавениот извршил прифаќање на девет илегални мигранти (од кои едно дете), кои од Грција илегално влегле на територијата на Република Македонија. Лицата требало да се транспортираат од подрачјето на Гевгелија до кумановскиот регион, соопшти МВР.

По прифаќањето на мигрантите, на патниот правец Гевгелија – Неготино, од мобилен тим на Царинската управа, според соопштението, бил направен обид за запирање и контролирање на возилото под сомнение дека во возилото се превезува нелегална стока, при што С.С. ги игнорирал наредбите за запирање на возилото и продолжил да се движи во правец на Неготино. Во близина на Градско, пријавениот со возилото го напуштил автопатот Гевгелија – Скопје и со голема брзина продолжил да се движи по стариот пат Градско – Велес.  Од страна на мобилниот тим на Царинската управа биле известени ДОЦ на Царинската управа и ДОЦ на МВР.

По кратко време, како што е наведено во соопштението на МВР, во близина на Велес, кај местото викано Зенуле, С.С. застанал, го напуштил возилото и се дал во бегство, додека возилото и мигрантите биле пронајдени на лице место. По дополнително преземени мерки и активности за идентификување на лице, извршени консултации со Јавниот обвинител и по издадена наредба за приведување на лице, од страна на Судијата на претходна постапка, тој е идентификуван и пронајден, а по приведувањето С.С. е предаден на Судијата на претходна постапка.

Судија на претходна постапка, на С.С. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево