Вознемирувачки фотографии кои неодамна дојдоа од Сирија, покажуваат тела на двајца егзекутирани мажи кои висат на крст. Зошто казнувањата кои се користеле во стар Рим, сега се појавуваат како содржина во сириската граѓанска војна?
Мртвите мажи на фотографиите се со врзани очи – нивните раширени нозе и раце се врзани на дрвени крстови со зелен гајтан.
На натпис закачен на едно од крвавите тела пишува: „Овој човек се бореше против муслиманите и тука активираше експлозивна направа“.
На сликата се гледаат малкумина мажи, меѓу кои има и деца, како одблиску гледаат, додека другите си ја гледаат својата вообичаена работа во северниот град Рака, незасегнати од телата распнати само на неколку метри од нив.
Телата останаа два дена изложени во центарот, велат од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија. Се верува дека одговорна за ова е џихадистичката група Исламска држава на Ирак и Левантот (Исис).
Како и при сличен случај во Рака во март, се верува дека мажите прво биле егзекутирани пред да бидат распнати на крстови и потоа изложени на плоштадот. Амнести интернешенел исто така документирала случај на распнување на крст во Јемен во 2012 година, кога исламистичка група прогласила некој 28-годишник за виновен заради поставување на елктронски направи во возила, со што им овозможила на американски дронови (беспилотни летала) да следат и убиваат нивни сограѓани. И тој прво бил убиен и потоа закачен на крст.
Шеик д-р Усама Хасан, исламистички професор и истражувач на Исламски студии во Фондацијата Квилијам во Лондон, вели дека оваа форма на казнувања доаѓа од буквалното или фундаменталистичкото толкување на Куранот.
Стихот 33 од петтата книга на Куранот вели: „Всушност, казната за оние кои водат војна против Алах и Неговиот Пророк и се настроени против земјата (за да предизвикаат) безредие, не треба да е ништо друго освен да бидат убиени или распнати на крст, или нивните раце и нозе да бидат отсечени, или да бидат протерани од земјата. Тоа за нив е казната од овој свет; и за нив од сега натаму тоа е големата казна“.
Но Хасан вели дека овој стих не треба изолирано да се чита. Тој го наведува и следниот стих кој вели: „Освен за оние кои ќе се вратат (покајат) пред да ги прифатите. И знај дека Алах простува и е милостив“.
По стиховите во Куранот кои звучат многу морничаво, секогаш следуваат други со опцијата на покајување и „потсетувањето дека Бог на крајот простува и е милостив“, вели тој.
– Овие групи стремат да бидат страшни и немилостиви, па оттука нашиот впечаток дека се екстремно не-исламистички и многу далеку од духот на исламот“ За Хасан, распнувањето на крст нема место во модерниот свет. Она што се случило во Рака има за цел предупредување за секој оној кој не го признава авторитетот на Исис, потенцира тој.
Иако распнуваањето на крст се спомнува во Куранот, тоа игра голема улога во Библијата. Додек исламот го признава Исус како пророк, сепак не верува, барем не онака како што веруваме ние христијаните, дека тој бил распнат.
– Најпознатиот пример е Спартак, вели проф. Мери Бирд, асоцирајќи на римскиот роб и гладијатор кој умрел во 71 г. пр.н.е. откако повел бунт на робовите. „Кога Красус го скршл бунтот на робовите, тој го послал Патот на Апијан со распнати на крст“, вели таа. Се проценува дека шест илјади следбеници на Спартак биле убени на овој начин.
– Во републикански Рим, оној Рим од 1-иот век пред н.е., тоа било стандард и деградирачка форма на казнувања, вели Бирд, која предава историја на класиката на Универзитетот Кембриџ. „Ако сте римски граѓанин, не ве распнуваат. Свети Петар бил распнат во Рим – во мачеништвото на Петар и Павле, разликата е што Павле бил римски граѓанин, а Петар не бил“.
Се смета дека Павле бил обезглавен – што е побрза и оттука попосакувана смрт. Иако има записи за распнувања на крст стотици години пред римјаните, ова може да се однесува и на други форми на казнувања – случаи каде престапниците биле заковувани на дрвја и на други рамки, и таму биле оставани да умрат.
Латинскиот збор „крукс“ кој општо се преведува како „крст“, на почетокот имал помалку специфично значење и се однесувал на било кој објект на кои жртви биле принесувани или бесени.
Римскиот император Константин, кој бил христијанин, го забранил распнувањето на крст во 4-иот век н.е. Сепак, повеќе од илјада години подоцна, тоа повторно се појавило како начин на убивање на христијани во Јапонија.
Во 1597, 26 христијани биле распнати во Нагасаки и во текот на следниот век уште стотици биле егзекутирани на истиот начин.
– Причината зошто распнувањето на крст е толку често колку што е и убивањето, е неговата изложеност и понижувањето, а исто така тоа служи и како предупредување за други луѓе, вели Тимон Скрич, професор по јапонска историја во Школата за ориентални и африкански студии во Лондон.
– Постојат описи каде џелатите ги оставале жртвите да висат по неколку часа, или се до предвечерјето, а потоа ги убивале со меч, вели тој. Казната почнала да се користи и против нехристијаните. Во 1651, околу 150 луѓе биле распнати по бунтот Кеиан, неуспешно востание против шогуните.
– Мислам дека до крајот на 17-иот век во Јапонија поврзаноста на овие казнувања со христијанството била скоро заборавена од повеќето луѓе таму, вели Скреч. Но властите заклучиле дека таквата форма на јавна егзекуција за сериозно злосторство против државата привлекува премногу внимание, па затоа било подобро да сопрат со тоа. „Казнувањата продолжиле со атентати на темни места“, вели Скреч.
Исто така имало случаи кога јапонски војници во Втората светска војна распнувале луѓе на крст. Најдобро документираниот случај е кога тројца австралиски воени затвореници кои работеле на изградба на пругата Тајланд-Бурма, биле осудени на смрт заради крадење добиток. Биле врзани за дрво, но еден од нив преживеал – Херберт Џејмс „рингер“ Едвардс, кој бил инспирација за карактерот Џо Херман во романот на Невил Шут, „Градот како Елис“.
Денес казнувањата дефинирани како „распнувања на крст“ сеуште можат да бидат пресудени од судовите во Саудиска Арабија.
– Распнувањето се случува по обезглавувањето, велат од Амнести Интернешенел, кои водат кампања против сите форми на смртни казни.
– Телото со одвоена глава која е повторно сошиена, виси од или на столб во јавноста, и служи како предупредување“.
Столб понекогаш, но не и секогаш, е обликуван во форма на крст.
Би-Би-Си – Лондон