Двајцата браќа С.Х.(26) и С.Х.(28) од Куманово додека конзумирале алкохол пред продавницата „Дес Дам“ синоќа околу 19,30 часот им се придружил Д.Ј.(33) со уште три лица. Потоа меѓунив настанала вербална расправија и тепачка во која
Д.Ј. извадил нож и им нанел смртоносни повреди на двајцата браќа.
За среќа инцидентот не завршил фатално. Повредените лица се пренесени во Медицински центар во Куманово и по укажаната лекарска помош, констатирано дека постариот брат се здобил со четири убодни рани по телото, додека на помладиот брат му е нанесена убодна рана во пределот на стомакот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“ и истиот е предаден на надлежните органи.