20 загинати по потонување на брод во Егејско Море

Од:

Најмалку 20 лица загинаа кога брод со кој се превезуваа повеќе од 100 бегалци, потона во близина на западниот турскиот брег, велат официјалните претставници.

Десетици луѓе се водат за исчезнати по несреќата.

„Досега се пронајдени 20 мртви тела“, изјави Тасхин Куртбејоглу, претставник на локалните власти на Мендерс.

„Капетанот на бродот и неговиот помошник, како и 43 илегални имигранти беа спасени“, додаде тој.

Имигрантите што успеале да се спасат се државјани на Сирија и на Ирак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент