Трагедијата „Кралот Лир“, капитално и ретко изведувано дело на Вилијам Шекспир, синоќа првпат во Гевгелија ја изведе велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Според режисерката Звезда Ангеловска претставата е посветена на младата генерација во која се поставува и во исто време се бара одговор на многу прашања кои будат различни емоции.
За уметничкиот директор и актер на Велешкиот театар Васил Зафирчев претставата се занимава со преиспитување на основните вредности на семејството, состојбите во кои се наоѓа, проблемите и погледите на светот.