Надал полуфиналист во Мадрид

Од:

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид. Во четвртфиналето Надал го победи Томаш Бердиџ (Чешка) со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).

Во полуфиналето Надал ќе игра со победникот од мечот Роберто Баутиста и Сантијаго Гиралдо, кој е во тек. Во другите два четвртфинални меча вечерва играат: Давид Ферер – Ернестс Гулбис и Кеи Нишикори – Фелицијано Лопез.

На женскиот дел од турнирот поради повреда четвртфиналето го откажа Серена Вилијамс, па така Петра Квитова без борба се пласира во полуфиналето. Марија Шарапова беше поуспешна од На Ли со 2:1 во сетови, додека Симона Халеп без проблеми ја победи Ана Ивановиќ со 2:0 во сетови. Последната полуфиналистка ќе биде позната по дуелот Каролине Гарсија и Агнешка Радванска.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ