А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Тетово одбележан Денот на Европа

by А1он09/05/2014 - 15:5809/05/2014 - 16:12108
Share0

Со интонирање на македонската химна и едноминутно молчење за борците, кои животите ги дадоа за слободна Македонија денеска во Тетово беше одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, во организација на Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна во Тетово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи и Софија Марија Гирокоу, претставничка на Грчкиот конзулат во Република Македонија учествуваа на манифестацијата на градскиот плоштад во Тетово.

– Тетово е пример за голем европски град што ќе продолжи да ги промовира европските вредности. Тоа што нас не прави европејци се вредостите на толеранција и разбирањето и врз кои се реализира и денешената Европа. Таа ќе останеше сон доколку политичките лидери не го разбраа тоа, рече Арифи.

Гирокоу нагласи дека покрај обединувањето на државите, ЕУ ги обединува и граѓаните. – Делиме ист сон да живееме заедно и да шириме мир, толеранција и просперитет, изјави Гирокоу.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во рамки на манифестацијата се одржа и ЕУ Панаѓур во кој учениците од основните училишта во Тетово ги претставуваа симболично земјите членки на Европската унија додека во салата на Општинскиот Совет на Тетово ученици од средните општински училишта одржаа симулација на седница на Европскиот Парламент, зборувајќи на 10 јазици, официјални во ЕУ.

Пред Споменикот на револуцијата цвеќе положија делегации на општина Тетово, општинската организација на Сојузот на борци Тетово, тетовскиот гарнизон на АРМ предводена од командантот потполковник Атанас Паноски, Организацијата на резервни офицери Тетово, Здружението на воени инвалиди, ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Српската заедница во македонскиот регионален одбор од Тетово, Здружение на македонско – хрватско пријателство, Здружение на пензионери и делегација на Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалитска пензија Тетово.

eu

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Горан Наумовски15/05/2026 - 08:40

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:21

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски08/05/2026 - 14:0908/05/2026 - 14:59

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:55

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Горан Наумовски08/05/2026 - 10:32

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он04/05/2026 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто