(ФОТО) Центар на местото на стари и трули, сади нови квалитетни дрвја

Од:

Во акцијата „пролетно раззеленување“, општина Центар засади 250 нови дрвја, со тоа директно ја подобрува заштитата од штетните загадувања и оваа општина ќе биде „бели дробови“ на Скопје.

-Затоа тенденциозен и наменски нарачан е вчерашниот напис на порталот „Курир“ дека: “Се сечат дрвја во Дебар Маало и дека се молчи бидејќи ова зеленило се уништува за потребите на општина Центар“, велат од општината.

На улица Ѓорѓи Пешков, вчера беа исечени 7 дрвја, кои пред седум дена беа обележени за сечење од стручни лица од Град Скопје. Дрвјата беа заболени, стари по сто години, со потполно шупливо и труло стебло . Овие дрвја беа потенцијална опасност за околните куќи и ресторани,бидејќи на помало невреме стеблото можеше да се скршат. Токму жителите од улицата и сопствениците на угостителските објекти инсистираа на менување на дрворедот, а едно од дрвјата растеше во покриената бавча на еден од рестораните.

На местото на исечените дрвја, следната недела ќе бидат засадени нови украсни дрвја, високо школовани дрворедни садници, стари по 15-20 години, со оформено стебло и крошна од типот костен.

-Порталот Курир, како и целата јавност, добро знае кој сече дрвја, а кој сади и зазеленува. Општина Центар со доаѓањето на новото раководство, само за една година посади 300 дрвја на повеќе улици и локации.

За потсетување, претходното раководство, кога ја реконструираше улицата Ѓорѓија Пулевски, ги исекло дрвјата и не засадило нови. Минатиот месец општина Центар на оваа улица засади 18 јавори.

Ваквите написи, како вчерашниот, се само гола манипулација, а повеќе од зборовите на градоначалникот Андреј Жерновски и неговата посветеност за „зелена“ општина, говори стварноста и сликите од улиците и новите скверови во општината, пишува во соопштението од Центар.

Drva - Gorgi Peshkov (6)

Drva - Gorgi Peshkov (5)

Drva - Gorgi Peshkov (4)

Drva - Gorgi Peshkov (2)

00 Drva - Gorgi Peshkov (7)

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории