(ФОТО) Младите од Центар: Сите заедно под исто европско небо

Од:

„Сите заедно под исто европско небо“, годинешниот осми по ред хепенинг по повод денот на Европа традиционално организиран од општина Центар и делегацијата на Европската унија и овој пат значеше сплотување на различните култури, традиции и вредности на едно место.

На манифестацијата учениците од седумте основни училишта на територијата на општина Центар го потврдија силниот европски дух и имиџот на општина Центар како европска општина.

Секогаш сум среќен и на нашите лица има насмевки кога имаме опкружување со деца. Вие, рече градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ни ја враќате енергијата, вербата, надежта и радоста на живеењето. Сликарот кој оваа година беше инспирација е огромниот креативец гениј, надреалист Салвадор Дали.

Жерновски, кажувајќи цитат од Дали – „Секое утро кога ќе се разбудам чувствувам огромно задоволство што сум Салвадор Дали и се прашувам какви се прекрасни работи ќе направам“, на децата им порача дека секој треба да направи што може за да бидат нашата општина, град и држава поубави.

„Нашиот стремеж е да бидеме дел од Европската Унија. На денот на Европа секогаш ветуваме и се залагаме за слобода, мир и демократија и секогаш ја праќаме истата порака – Македонија што побрзо да стане дел од европското семејство и уште една ѕвезда на европското небо, а за тоа е потребно не само ветување и пораки, туку работа и исполнување на европските вредности“, рече Жерновски, а општина Центар секогаш со задоволство ќе биде тука бидејќи заедничка желба на сите е што е можно Македонија да стане дел од Европа.

Вицепремиерот за евроинтеграција Фатмир Бесими, честитајќи го убавиот ден и големиот празник порача дека е овој ден е ден кога се слави мирот и заедништвото и кога ја потврдуваме заложбата дека Македонија треба да биде дел од Европското семејство.

„Сакаме да сме дел од ова семејство кое мисли за мир и за просперитет, ние сакаме да сме дел од Европа“ порача Бесими.

Изразувајќи задоволство од организацијата и масовноста на денешниот хепенинг евроамбасадорот Аиво Орав порача дека процесот на проширување на унијата продолжува.

„На Европската Унија и требаат сите земји на западен Балкан, а на земјите од западниот Балкан им треба Европа, ова го заслужуваат земји со силни демократии и економија“, рече Орав.

На хепенингот присутните уживаа во изведбите и танцот кои ги претставуваа неколкуте земји од Европа, 28 ученици од основните училишта на територија на општина Центар, колку што е и бројот на земји членки на ЕУ цртаа репродукции на врвни европски сликари, а студентите од факултетот за ликовна уметност изработуваа графики од шпанскиот гениј Саладор Дали.

За наградата беше тешко да се донесе одлука, но сепак за најдобар сценски настап беа одбрани учениците од ОУ Коле Неделковски и ОУ Јохан Хајнрих Песталоци.
За најдобри млади ликовни уметници беа прогласени учениците од ОУ Кочо Рацин и ОУ Јохан Хајнрих Песталоци.

Den na Evropa (8)

Den na Evropa (7)

Den na Evropa (2)

00 Den na Evropa (3)

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории