(ВИДЕО) Димова: Македонија се оддалечува од патот кон ЕУ поради погрешните политики на Груевски

Од:

Денеска Република Македонија го одбележува Денот на борбата против фашизмот и Денот на Европа. Од овој ден, почнува и борбата против диктатурата и режимските политики, рече Лидија Димова, претседател на Совет за ЕУ интеграции.

Денеска, по 69 години со жалење може да констатираме дека Македонија секојдневно се оддалечува од патот кон Европската Унија, поради погрешните и назадни политики на власта на Никола Груевски. Во Македонија имаме политички затвореници, меѓу нив и новинар кој е осуден за напишан збор.

Живееме во тотален медиумски мрак, притисоци, уцени, пресметки со неистомисленици. И по 69 години од победата над најрегресивното државно уредување, во Македонија денес повторно се зборува за борба за слобода, за борба за човекови права, слобода на медиуми, подобрување на меѓуетнички односи, борба за демократија.

Токму политиката спроведена од ВМРО ДПМНЕ која подразбира целосна и режимска контрола врз речиси сите институции во државата, не водат не еден, туку 100 чекори назад од Европската Унија.

Европската Унија, со сите нејзини недостатоци, претставува врвот на демократските достигнувања во светот кон кои мора да се стремиме.

За СДСМ, ЕУ не е цел самата по себе, туку средство за демократизација на македонското општество.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар