Бесими и Орав на одбележување на Денот на Европа

Од:

Со музичко-сценски хепенинг, ликовна изложба и настап на ученици и деца од градинките од општина Центар денеска на плоштадот „Јадран“ беше одбележан денот на Европа 9-ти Мај.

Министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во своето обраќање на прославата пред голем број деца упати честитки за денот на Европа и посака што поскоро приклучување на Македонија во, како што рече, семејството на Европската Унија.

– Овде славиме еден голем роденден на едно големо семејство. Семејство што мисли за мир, семејство кое мисли за безгрижно детство, за вашите родители, за вашите учители, се обрати Бесими пред присутните деца, притоа нагласувајќи дека Владата работи за тој ден во кој и македонските деца ќе бидат дел од тоа семејство.

Евроамбасадорот Аиво Орав упати честитки за денот на Европа, а на присутните им нагласи дека досега Европа и Македонија споделуваа иста историја, а притоа изрази надеж дека ќе споделуваат и иста иднина.

– Европската Унија претставува најголемиот мировен проект во Европа и се надевам дека во иднина ќе остане како таков, истакна Орав.

Додаде дека оваа година се слават десет години од приклучувањето на десет нови земји членки кон Европската Унија.

– Процерсот на проширување кон Европската Унија продолжува. ЕУ има потреба од земјите на Западен Балкан, но исто тека и Западен Балкан има потреба од ЕУ. Европската Унија има потреба од Западен Балкан со силна демократија и силна економија, посочи Орав.

На овој ден во 1950 година Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на, со војните разурнатиот и поделен, континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што денеска го знаеме како Европска унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар