ФОТО: Режисерот Александар Поповски со нова претстава во Истанбул

Од:

Режисерот Александар Поповски учествува на на деветнаесетиот по ред Театарски фестивал Истанбул, кој годинава ке се одржува од 5. мај до 5. јуни, со својата претстава „Градители на Империјата“ или „Schmurz“ од францускиот автор Борис Вијан.

Оваа престава доаѓа како резултат на соработка која пред три години се случи со градскиот истанбулски театар кога Поповски ја режираше преставата „Опасни врски“, која беше наградена со највисоката национална награда за најдобра престава и најдобра режија.

graditeliNaImperijata (1)

Премиерата на новата претстава на Поповски ќе се оджи на 11 и 12 мај во театрот „ Sisli Blackaut Sahnesi“. Претставата е во продукција на театарската кука „Хајал Пердеси“, сопственост на продуцентката Selin Iscan.

Ова е интернационален фестивал со претстави од цел свет и од турските театри. Најпознати театри на фестивалот оваа година се „Shaubine teatar“ од Германија со претстава на Томас Остермаер и Театарот од Варшава со режисерот Grzegorc Jarzina.

graditeliNaImperijata (3)

Во најавата за најновата претстава на Александар Поповски преставата се вели:

Што не вознемиува? Што прифаќаме, а што не прифаќаме додека сме живи? Каде не’ водат амбициите? Што бараме? Со овие прашања започнува последната драма на Борис Вијан „Градители на империјата“, со назнака саркастична трагедија. Се работи за едно семејство кое живее во зграда, кое бега од некоја мистериозна бука и се искачува секогаш за еден кат погоре. Без да знаат точно од што се пласшат, секое нивно бекство е пат кон изолација и морален пад.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“