Само 35 проценти од Европејците се заинтерсирани за европски избори, а германската канцеларка Ангела Меркел е најпопуларна меѓу европските лидери, покажуваат реултатите од анкетата, која што институтот „Ipsos-MORI“ ја спроведе меѓу 9.000 испитаници во 12 држави членки на ЕУ.
Во Белгија каде што гласањето за новиот состав на Европскиот парламент е задолжително, 53 проценти од анкетираните се изјасниле дека ќе излезат на гласање. Според пишувањето на францускиот весник „Фигаро“, во Франција 44 проценти од испитаниците рекле дека ќе излезат на гласање, во Холандија 41 процент, додека најмалку заинтересирани има во Велика Британија (27 проценти ) и Полска (20 проценти).
Од друга страна истражувањето покажува дека францускиот претседател Франсоа Оланд е најнепопуларен помеѓу европските лидери, бидејќи само 20 проценти од анкетираните изнеле позитивно мислење за него.
Инаку на европските избори ќе се изберат 751 пратеник за Еврпскиот парламент за мандат од 2014 до 2019 година, а изборот на европското гласачко тело, ќе влијае и врз формирањето на идната Европска комисија.
Е. Г.