Наградата „Македонски книжевен Дедал“ за поетот Роман Кисјов

Од:

Во рамки на Македонската книжевна визита којa по седми пат се одржува во Софија, вечер во Македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија ќе биде врачена наградата „Македонски книжевен Дедал“, востановена од организаторот на манифестацијата Книгоиздaтелството „Макавеј“ од Скопје.

Овогодинешен добитник на ова признание, кое се доделува за особен придонес  во развојот на културните врски меѓу Македонија и Бугарија, е бугарскиот поет, преведувач и сликар Роман Кисјов.

Владимир Цветкоски главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ по повод наградата потенцира дека со бројните преводи на стихозбирки од еминентни македонски автори Кисјов придонел кон запознавањето на бугарската читателска публика со македонската современа литература.

– Книгоиздателството „Макавеј“ цени дека наградата оваа година треба да му се додели на Кисјов, оти се чини дека тој преведува најмногу современа македонска поезија. Превел бројни поетски циклуси од низа македонски поети во најпрестижните бугарски списанија и весници. Меѓу нив се Ацо Шопов, Матеја Матевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел…, вели Цветкоски.

Седмата македонска книжевна визита ќе биде заокружена со поетска средба со десетина бугарски поети. Во салонот на МКИЦ своја поезија меѓу другите ќе читаат венценосецот Љубомир Левчев, Петар Караангов, Петар Андасаров, Роман Кисјов и Николај Шопов.

Порано денеска македонската поетска делегација ќе положи свеќе на гробот на основоположникот на македомската литература, Венко Марковски на Софиските гробишта.

Македонската книжевна визија вчера беше отворена со портрет на поетот Раде Силјан, еден од бардовите на македоснката поезија. За неговото дело беседеја македонските  критичари и поети Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски. Со воедно излагање учесниците на манифестацијата и бројната публика ги поздарви и Васко Шутаров, директорот на МКИЦ, кој е соорганизатор на Книжевната визита. Се одржа и поетски митинг со македонски поети. На вечерта посветена на македонската поезија настапија реномирани македонски поети Веле Смилевски, Раде Силјан, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Виолета  Танчева Златева, Славе Ѓорго Димоски, Кочо Топузовски, Трајче Кацаров и Диме Ратајковски.

Првата Македонска книжевна визита во Софија се одржа во 2006 година. Плод на нејзината мисија се 60-тина книги преводи коишто „Макавеј“ ги реализираше, од нив половина се преводи на книги на македонски автори на бугарски јазик, најчесто објавувани во копродукција со некоја софиска издавачка куќа,  а другата половина се преводи од бугарски автори на македонски јазик.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија. 

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот