По повод Светскиот ден на астмата, Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија (МЗАКИ) заедно со ЈЗУ Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија организираат стручен состанок на тема „Астма-нерешена енигма и во 21-от век“.
Состанокот е дел од активностите кои МЗАКИ и Клиниката за пулмологија и алегологија ги планираат да се одржат во тек на оваа година за запознавање со најновите стручни и научни достигнувања од областа на респираторната медицина и алергологија како континуирана медицинска едукација.
Свое излагање ќе имаат проф. д-р Анѓелко Ѓорчев, проф. д-р Горица Грешковска, проф.д-р Дејан Докиќ. Потврдено е учеството и на предавачи од Република Србија проф.д-р Мирјана Богиќ и проф.д-р Ивана Станковиќ.