ФОТО: Зоран Заев на средба со Ралф Брет

Од:

Нерегуларностите за време на изборниот процес, општата политичка и безбедносна состојба во Македонија беа главните теми на разговор на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски со амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет и претставници на мисијата во Скопје.

Претседателот Заев го информираше амбасадорот Брет дека СДСМ се согласува со Извештајот на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР, којшто ги нотира сите изборни нерегуларности, поради коишто СДСМ не го признава изборниот процес.

Амбасадорот Брет се интересираше за натамошните активности на СДСМ, како најголема опозициска партија којашто нема да биде дел од Парламентот, како и за законските и уставни регулативи во Македонија за реализирање на барањето на СДСМ за формирање техничка влада и создавање услови за слободно изразување на волјата на граѓаните.

Zaev Bret2

Законите, актите, донесени без опозиција, без дебата, нема да имаат легитимитет. СДСМ направи се што можеше да биде дел од институциите, но СДСМ нема да биде дел од недемократски институции и има обврска да ги заштити уставно загарантираните права на граѓаните, рече претседателот Заев.

Амбасадорот Ралф Брет најави дека мисијата ги подготвува официјалните препораки по изборниот процес во Македонија со коишто ќе излезе за неколку недели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски