А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Тодоров: Да градиме здравствен систем ослободен од поткуп

by А1он08/05/2014 - 15:5014/04/2016 - 11:01103
Share0

Треба да градиме систем, особено здравствен систем кој ќе биде целосно ослободен од поткуп.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар во врска со притворот на доктор Дејан Ставриќ. Очекувам, посочи министерот, надлежните органи во државата во согласност со Законот да ја спроведат постапката и да донесат правична одлука.

– Како правник целосно ја почитувам презумцијата на невиноста и очекувам судот во една процедура која е пропишана во согласност со Закон да ги утврди фактите и околностите и да ја утврди вистината, дали тоа се случило или не. Ако се утврди дека тоа е вистина тогаш треба сериозно да се казни, рече Тодоров.

Како човек и како министер за здравство, посочи тој, искрено ми е жал  доколку се утврди дека тоа е точно во судска постапка, дека се уште постојат луѓе во здравствениот систем кои сметаат дека може да земаат поткуп и да поминат неказнето.

– За мене лично како човек нема ништо полошо од тоа доктор да земе пари од пациент за да му обезбеди определена здравствена услуга или за здравје народски кажано, особено што не станува збор за мала сума, станува збор за голема сума, додаде Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Нацрт верзијата на првиот Водич за исхрана на населението.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:50

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто