ФОТО: Најновите дела на Христина Ивановска за потрагата по милоста

Од:

Изложбата на најновите дела „La Mystérique (патот кон милоста) на познатата македонска уметницата Христина Иваноска беше отворена вчера вечер во новата галерија СИА (Serious Interests Agency). По обраќањето на кураторот Јане Чаловски, авторката и културниот теоретичар Искра Гешоска иницираа разговор на отворањето на изложбата. Разговорот предизвика дебата за препочитувањето на уметничкото дело, за улогата на уметникот, за ангажираната уметност.

– Овој визуелно јазичен гест отвара мноштво прашања: Дали оваа приказна е за љубовта и за смртта? Дали е за прекршувањето на очекуваните барања од културата? Дали е за утопиите, рече Гешоска.

hristinaIvanovska (2)

Изложбата ги прикажува нaјновите дела на Иваноска работени во различен медиум

– Ова мое последно дело е инспирирано од една многу интересна мислителка, Симон Веил која живее во првата половина на 20 век, и која случајно ја открив во текот на едно мое друго истражување.Она што посебно ме заинтересира кај неа е токму нејзината преокупација која за неа станува и животен повик, а која го преиспитува прашањето за постоењето или непостоењето на Бог, за љубовта кон него и за постигнувањето на Аполутот или заокружувањето кој е крајно личен процес и кој може да се одвива независно од учењето на црквата и религијата. Нејзините крајно рационални размисли ги поврзав со еден прекрасен текст на теоретичарката Лис Иригаре за “Мистичната” кој јас го доживеав како поезија во проза и кој како да ја опишува љубовта на Симон Веил кон Бога но ослободена од разумот и предадена на чувствата, вели Ивановска за А1 он.

hristinaIvanovska (3)

Христина Иваноска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби и проекти во земјата и странство меѓу кои: Москва (2010), Стокхолм (2008), Љубљана (2008), Белград (2007), Лондон (2006), Скопје (2005, 1999, 1998), Босвил (1998) и други.

Остварила студиски престој преку Артслинк во Кливеленд институтот за уметности (2004), како и резидентен студиски престој во ИАСПИС, Шведска (2008). Во соработка со Јане Чаловски работи на заеднички авторски проекти од 2000 година; во 2004 го основаат „Проектен простор Прес ту Егзит“ и дејствуваат во независниот културен сектор во Mакедонија и регионот.

hristinaIvanovska

А.Б.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски