Нови или видени тактики, помирни тонови или недоразбирања?

Од:

Продолжува дебатата во Комисијата за труд и социјална политика за Законот за бранителите. Каде што вчера заврши таму и продолжува. Со маратонската дискусија на Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ, кој вчера и со уривањето на собранискиот рекорд, остана недокажан. Цели три часа дискутираше и кажа дека има уште кондиција, што значи и денеска продолжува. Која тактика ќе ја примени денеска ќе се види.

Вчера во желба да ги убеди колегите дека не треба да гласаат за законот, или да ја разубеди коалициската ВМРО-ДПМНЕ за да го повлече законот, ги цитираше буквално сите членови од Уставот, од преамбулата на Уставот и од Охридскиот договор. И се со цел да докаже зошто законот е противуставен.

ДУИ веќе изјави дека со сите средства ќе се борат за да не се донесе Законот за бранители.

За ДУИ и ДПА вакво решение е против уставно, анти албанско и недемократско. За ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот момент за соживот и помирување, а за СДСМ, Законот за бранители, не е противуставен, не е не е против Охридскиот договор, и не е закана за Република Македонија, закана е неодговорното владеење на власта.

Пленарната седница е закажана за во понеделник.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски