Една од најважните работи во подготовката за во градинка е детето да се навикне на средбите со нови лица и други деца, посебно ако нема брат или сестра.
Родителот треба да создаде што повеќе ситуации во кои детето ќе запознава нови деца за да се стекне со искуството на дружење, играње, делање на играчките и на ужината.
Пред детето да почне да оди во градинка треба да ја посети истата за да види како децата таму си играат.
Родителот за градинката треба да зборува во што попозитивна смисла.
Поаѓањето во градинка треба да се третира и како нормална работа во животот на детето.