Меркел ја предупреди Русија да не прибегнува кон старите модели на размислување

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел ја предупреди синоќа Русија да не се враќа кон старите модели на размислување и додаде дека случувањата во Крим спаѓаат во таа категорија.

Говорејќи во Берлин на церемонија во спомен на почетокот на Првата светска војна, Меркел истакна дека оние кои го поттикнуваат украинскиот конфликт и му се закануваат на територијалниот интегритет на Украина, не само што ги кршат меѓународните закони, туку и ги игнорираат лекциите од европската историја.

– Во Крим сме сведоци на враќање на старите модели на размислување, посочи Меркел пред аудиториум од 400 млади луѓе од 40 земји во светот.

– Одговор на глобализацијата не се старите модели на размислување или на поделби, туку развојот на заеднички интереси. Во тоа се корените на привлечната сила на Европа. Оние, чие размислување се врти околу нивните сопствени сфери на влијание, можеби на краткорочен план се посилни од нас, но нема да бидат посилни на крајот. На крајот тие само ќе си наштетат себе си, додаде Меркел.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми