ФОТО: Раководството на СДСМ на средба со амбасадорката на Германија

Од:

Изборниот процес и моменталната политичка ситуација во Македонија, беа главните теми на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со амбасадорката на Сојузна Република Германија Гудрун Штајнакер.

Запознаена целосно со извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, којшто е клучен и за Европската Унија, како и со нотираните неправилности од страна на домашните набљудувачи МОСТ и ЦИВИЛ, амбасадорката Штајнакер подетално се интересираше за сите нерегуларности во изборниот процес, евидентирани и од СДСМ.

SDSM (3)

СДСМ како најголема опозициска партија, има обврска кон граѓаните да не ги легитимира недемократските процеси и државата да ја врати во нормален колосек, односно да се создадат услови на коишто без заплашувања, уцени, поткуп, ќе дојде до израз волјата на граѓаните, рече претседателот Заев на средбата.

Германската амбасадорка се интересираше и за односот на медиумите кон опозицијата за време на изборниот процес, што е нотирано и во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, дека медиумите и јавниот сервис МРТВ, за време на кампањата известуваа пристрасно во полза на ВМРО ДПМНЕ.

SDSM (1)

На средбата стана збор и за моменталната положба на медиумите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски