„Зидојче цајтунг“: Набљудувачите на ОБСЕ се поврзани со германското разузнавање

Од:

Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кои беа задржани од проруските сепаратисти во Славјанск и ослободени минатата недела сепак биле поврзани со германското разузнавање, објави гермаснкиот весник „Зидојче цајтунг“.

Иако германското Министерство за надворешни работи официјално демантираше дека четворицата германски набљудувачи од групата на ОБСЕ се разузнавачи, весникот утврдил дека четворицата работаат во Центартот за проверка на Бундесверот (германската армија).

Центарот се наоѓа во базата на Бундесверот во Гејленкирхен во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија и има околу 200 вработени, чија задача е да следат дали другите држави се придржуваат до Договорот за контрола на вооружувањето. За исполнување на таа задача вработените во Центарот добиваат помош од разунавањето, кој има таен центар во Гејленкирхем. Разузнавањето ги советува и обучува германските набљудувачи во рамките на ОБСЕ при мисии во странство.

– Иако самите германски набљудувачи од групата на ОБСЕ не се шпиони тие сигурно имале взаемен однос со шпионите, заклучува „Зидоје цајтунг“.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ