СДСМ: Зврлевски добива плата од граѓаните, а го штити Никола Груевски

Од:

Излезе на виделина причината за молкот на јавниот обвинител Марко Зврлевски за мега корупцискиот скандал Македонска банка, во којшто е директно инволвиран Никола Груевски. Обвинителот кој прима плата од граѓаните на Република Македонија, бара начини како да го спаси Груевски од кривичните дела и затворската казна што следува за такви кривични дела, какви што направил Никола Груевски кога договорил продажба на банката“, порача СДСМ.

Најголемата опозициска партија му порачува на јавниот обвинител да ги проучи добро законите, наместо да шета со Сашо Мијалков.

„СДСМ му порачува на Марко Зврлевски, наместо да се шета по балови со Сашо Мијалков, да ги прочита добро законите што точно пропишуваат кога едно дело е застарено, а кога не е. Или според обвинителот Зврлевски, тој што го избрал може да го крши законот? СДСМ го потсетува обвинителот Зврлевски дека непостапувањето по кривичната пријава е кршење на неговите службени и законски права и обврски“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски