Македонската Дејвис куп репрезентација со победа од 3-0 против Малта ги почна мечевите во Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Сегедин, Унгарија.
Во сите три меча противниците освоија по 4 гема.
Томислав Јотовски – Метју Ацјек 2:0 (6:3 и 6:1)
Димитар Грабул – Бернар Касан Тореџани 2:0 (6:2 и 6:2)
Грабул, Шендрит Деари – Тореџани и Бредли Калус 2:0 (6:2 и 6:2).
Македонија утре го игра и вториот меч од групата против Албанија.