Шпанецот Грегори најмлад допингуван тенисер во историјата

Од:

Шпанскиот тенисер Пако Климент Грегори е најмладиот допингуван играч во историјата на овој спорт, откако Светската тениска федерација објави дека тој во септември минатата година со 16 години бил позитивен на недозволени средства.

Грегори заедно со неговиот партнер Филип Алексањин со кого настапувале во игра на двојки на турнирот „Футурес“ биле позитивни на станазол, анаболички стероид кој го поттикнува растот на мускулите.

Двајцата тенисери добија двегодишна суспензија.

Тие тврдеа дека на допинг-тестот биле позитивни како резултат на затруена храна или од витамински препарати кои ги консумирале за време на турнирот во еден клуб во Валенсија.

Слично оправдување имаше и најмладата тенисерка позитивна на допинг – Бугарката Сесил Карантачева која во 2005 година со само 15 години беше позитивна на нандролон.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ