Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ја поддржа кандидатурата на Барак Обама, за нов претседателски мандат.
Тој изјави дека Обама започнал долг и тежок пат за опоравување на американската економија и дека го прави најдоброто за САД.
Клинтон истакна дека Обама наследил длабоко разорена економија од републиканците, но дека со напорната работа успеал да создаде темели за помодерен и избалансиран систем кој ќе произведе нови работни места.
„Најважното прашање е каква држава сакате? Ако сакате таква во која победникот добива се и во која на никој не можете да се потпрете, тогаш гласајте за републиканците. Ако сакате земја во која се дели одговорноста и напредокот, тогаш гласајте за Барак Обама и Џо Бајден“, заклучи Бил Клинтон.