Меркел се закани со дополнителни санкции за Русија

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел оцени дека ќе биде штета доколку рускиот претседател, Владимир Путин на 9-ти мај, по повод Ден на победата учествува на воената парада во Крим.

-Сметам дека е штета тој ден да се користи во контекст на тензијата…9-ти мај е од голема важност за победа над нациосоцијализмот. Јас лично пред четири години бев во Москва, за овој ден, бидејќи беше важно да покажам дека ја разбравме историјата- изјави Меркел по средбата со претседателот на Кипар, Никос Анастазијадес.

Според руските медиуми, ова би била прва посета на Путин на Крим од присоединување на украинскиот полуостров на Русија.

Инаку Меркел го истакна и значењето на дипломатските напори, дека Берлин се залага за одржување на нова меѓународна конференција во Женева, и покрај тоа што не е применет договорот, кој што беше постигнат во април, помеѓу Украина, Русија, САД и ЕУ.

-Судирот нема да го решиме со воени средства и затоа треба да се свртиме кон сите дипломатски средства- рече германската канцеларка и повторно се закани со дополнителни економски санкции за Русија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство