Македонската тениска репрезентација поведе со 1:0 во мечот од 1.коло од Третата Европска зона од Дејвис купот против Малта.
Во првиот меч во сингл конкуренција одигран денеска, Томислав Јотовски го победи Метју Асиак со 6:3 и 6:1 во сетови.
Втор за Македонија ќе настапи Димитар Грабул, додека за Малта ќе игра Бренар Касан Тореџани.