ФОТО: По 60 години во Центар нови фасади, енергетско ефикасни и со нови бои

Од:

По 60 години жителите на зградите бр. 85 и бр. 87 на бул. Илинден добија нови, обновени фасади со термичка изолација.

Задржан е првобитниот лик на зградата, освежен со нови бои. Изгледот е направен во договор со станарите на зградите.

Двете нови фасади кои што ги изведе “Пелагонија“ чинат по околу 3.5 милиони денари од фасада.

Fasada pred 2

Секоја фасада се прилагоди на архитектурата на зградата и желбите на станарите.

Fasada pred 1

Овие 2 фасади се дел од композицијата од 6 згради, од кои секоја нова фасада ќе се разликува во еден гест, со пермутација на бои.

Fasada potoa 1

Општина Центар со ова го продолжува проектот за обновени енерегетско ефикасни фасади со кои заштедите на сметките за топлинска енергија ќе бидат намалени за една третина.

Fasada potoa 2

На јавниот повик од општина Центар минатата година се пријавија 32 колективни станбени згради кои имаа обезбедено прелиминарна согласност за промена на прозорците и балконските врати од најмалку 70% од станарите.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек