Берлин бара од Киев да ја запре офанзивата против сепаратистите во источна Украина

Од:

Германската Влада ги повика украинските власти да ја прекинат офанзивата во источните региони на земјата, вели владиниот координатор за односите со Русија, Гернот Ерлер во интервју за весникот „Ноје Оснабрукер Цајтунг“.

Киев треба да ги прекине „своите воени дејствија против проруските сепаратисти во источна Украина“, вели Ерлер во интервјуто.

Во врска со претстојните претседателски избори во Украина, закажани за 25 мај, тој потенцира дека во земјата е неопходна состојба во која граѓаните ќе може да го дадат својот глас во нормални услови.

– Во источните делови на Украина тоа не е можно, затоа судирите треба да престанат, за никој потоа да не може да каже дека изборите таму биле дискредитирани, вели Ерлер.

Координаторот на германската Влада, меѓутоа, смета дека во немирните реони во сила треба да останат некои ограничувања. Според него, некои луѓе таму се толку многу уплашени, што нема да смеат да излезат на гласање.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ