Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУИ, денеска го урна собранискиот рекорд. Цели три часа дискутираше за законот за бранителите.
Во желба да ги убеди колегите дека не треба да гласаат за законот, или да ја разубеди коалициската ВМРО-ДПМНЕ за да го повлече законот, ги цитираше буквално сите членови од Уставот, од преамбулата на Уставот и од Охридскиот договор. И се со цел да докаже зошто законот е противуставен.
И не успеа да се доискаже во тие 180 минути говор. Во 18 часот, според договорот, седницата беше прекината, a Tалат Џафери остана недокажан.
Утре седницата на комисијата продолжува повторно со неговата дискусија.
ДУИ веќе изјави дека со сите средства ќе се борат за да не се донесе Законот за бранители.