Лидерите на политичките партии на средбата со претседателката Атифете јахјага се согласија да се распушти парламентот, со што се отвора пат за одржување на предверемни парламентарни избори на Косово.
На средбата присуствувале премиерот и лидер на Демократската партија, Хашим Тачи, лидерот на Алијасата за иднината на Косово,Рамуш Харадинај, лидерот на Демокрфатскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа и потпретседателката на алијасата за ново Косово, Мимоза Кусари-Лила.
На средбата паднал договор парламентот да с ераспушти на вонредна седница која ќе се одржи утре , кога ќе се соопшти и датумот на одржување на изборите. Поради тоа законот за формирање вооружени сили на Косово останува во надлежност на новиот парламент исто како и законот за загарантирани пратенички места за малцинствата.