Велика Британија секој ден го губи својот идентитет,со постојаниот наплив на имигранти од земјите членки на ЕУ,тврди лондонскиот „Дејли Ескпрес“.
Овој евроскептичен весник пишува дека поради „силниот удар“ на доселеници од земјите на Источна Европа,особено по нивниот влез во ЕУ,на почетокот од мај 2004 година, на териториите на Англија,Шкотска,Велс и Северна Ирска,се доселиле 2,3 милиони луѓе од источниот дел на европскиот контиент.
Најголемиот број од нив се населиле,барајќи работа и подобар живот,во главниот британски град и во блиската околина на Лондон,но ги има и во сите други делови од земјата. Во овие десет години,најбрјни меѓи источноевропските имигранти се Полјаците,со 1,2 милиони луѓе.Тие се среќаваат во Англија,во градови ако Бирмингем и Лутон,но и во Единбург,или во Северна Ирска.
Освен од Полска,високо на листата на најбројни доселеници се Литванците,со безмалку 260 илјади имигранти,лоцирани во сите делови на Британија,а потоа следуваат Унгарците со 144 илјади и Бугарите со 107 илјади доселеници.
Анализата на весникот покажува дека станува збор само за оние лица за кои со сигурност се знае дека сега престојуваат на британска територија и кои се пријавени како имигранти од ЕУ.
Меѓу Унгарците и Бугарите има многу и „натурализирани“ жители на нивните соседни држави, на кои властите во Будимпешта и Софија, им даваат унгарски, или бугарски пасоши.
Загриженост предизвикува и сознанието,добиено од официјалните податоци на ЕУ, дека делови од Векика Британија,посебно региони како Велс или Корнвол,во Англија,се развиваат позабавено,од земји како Естонија,или Литванија,како дека луѓето од поразвиените делови на Бугарија и Романија,живеат подобро од луѓето во североисточна Англија,или во делови од Велс.
Истражувањето на „Дејли Ексрес“ кој важи и за силен подржувач на ториевците и на евроскпетиците,доаѓа на помалку од две недели пред евроизборите,на кои домаинантна тема е имиграцијата и посебно онаа од земјите на ЕУ од Источна Европа.