Македонскиот шампион Вардар СЦБТ за следната сезона ангажираше две нови ракометарки кои оваа сезона настапуваа во словенечкиот првак и учесник во Лигата на шампионите Крим Меркатор. „Црвено-црниот“ дрес идната сезона ќе го носат хрватската репрезентативка Андреа Пенезиќ и репрезентативката на Словенија Барбара Лазовиќ-Варлец.
Според договорот, 28-годишната Пенезиќ која игра на позицијата лев бек ќе биде дел од екипата на Вардар СЦБТ сезоната 2014/2015, додека 26-годишната Лазовиќ (десен бек) потпиша договор на две сезони.
На овој начин македонскиот првак продолжува со ангажманот на квалитетни и искусни ракометарки од кои се очекува голем придонес во екипата, како во нападот така и во одбраната.
Пенезиќ има 141 настап за хрватската репрезентација, а пред Крим Меркатор играла и во Кустошија, Локомотива Загреб и Подравка.
Лазовиќ-Варалец пред својот досегашен клуб била член на Брежице и Зајечар.