Изложба на резба од Будимир Апостолоски во Белград

Од:

Со изложба на македонска резба, насловена „Од традиција до уметност“ на авторот Будимир Апостолоски, во сабота во „Куќата на Ѓура Јакшиќ“ во Белград ќе биде отворена манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“.

Во најавата за изложбата се истакнува дека Македонија отсекогаш имала познати резбари кои оставиле драгоцени резбарски дела, што сведочат дека е земја крстосница на култури – од антиката, преку Византија до денес.

Во последните 20 години во Тетово активно работи ателјето и школата на Будимир Апостолски-Пишман, уметник и скулптор кој 15 години се занимава и со резбарство, а неговото творештво содржи над 800 уметнички дела од дрво – иконостаси, икони, портрети, украсни предмети, уметнички фигури.

За значењето на оваа древна уметност низ историјата на Македонија најавено е да зборува историчарот Бранислав Светозаревиќ, директор на Музејот на македонската борба во Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 17 мај.

Деновите на македонската култура, со мото „Допирот на Македонија“, по четврти пат се организира во Белград. Во рамки на манифестацијата, на 15 мај ќе гостува драмското студио „Иљо Антески Смок“ од Тетово, а на 22 мај ќе биде одбележан и празникот на светите Кирил и Методиј, во соработка со српски писатели и македонски писатели во Србија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска