Охридската полиција заплени 33 килограми марихуана

Од:

Охридската полиција заплени вкупно 33 килограми опојна дрога марихуана, пронајдени при проверка на патничко возило марка „Фолксваген Пасат“, управувано од албански државјанин.

Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, проверката била спроведена на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на излезот кај селото Волино.

– Се работи за дрога која е внесена на црниот нарко-пазар и требаше да резултира со продажба на ова подрачје. Приведен е еден албански државјанин за кој нашите полициски службеници веќе подолго време имаа сознанија дека е еден од главните организатори на овој црн нарко пат и на нелегалната трговија со дрога, изјави Димоски.

Дрогата е запленета, албанскиот државјанин A.T. е приведен, а одземено е и возилото со кое тој ја пренесувал марихуаната. На 42-годишниот жител на албанскиот град Поградец од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи